19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Совети од нутриционист Анета Николовска: храна од градината која може да помогне да не се создаваат камења во бубрезите

Совети од нутриционист Анета Николовска: храна од градината која може да помогне да не се создаваат камења во бубрезите

Бубрежен камен претставува болест на бубрегот поточно на меките делови (чашки,канали) и претставува формирање на минерален депозит, односно кристализација на минералите кои ја попречуваат работата на бубрезите. Составот на бубрежните камења е различен. Во најголем број случаеви тоа се калциум оксалати.

Посочуваме некои природни намирници кои помагаат при камен во бубрези:

Босилок – еден од најдобрите природни лекови против болки предизвикани од бубрежни каменчиња. придонесува за намалување на мокрачната киселина во организмот која е еден од основните причинители за создавање на бубрежни камења

Лимон – пиењето на свежо цеден лимон со вода може да биде особено корисно бидејќи лимонот го намалува нивото на цитрати во урината со што се превенира создавање на бубрежни камења. Лимонот исто така помага во топењето на бубрежните каменчиња.
Лубеница – претставува одличен диуретик и ја стимулира работата на бубрезите, помага во создавање на урина што овозможува исфрлање на токсините од оранизмот. Особено препорачливо за бубрежни каменчиња е чајот од семки од лубеница
Авокадо – поседува висок процент на Калиум со што придонесува да се намали уринарната екскрецијата на Калциум со што го намалува ризикот од создавање на камења во бубрегот.

НУТРИЦИОНИСТ КОНСАЛТИНГ е советувалиште за здрава храна и исхрана. Стручен тим изработува нутритивна терапија и протоколи за исхрана за здрави и болни лица од сите возрасти. Применуваме посебни методи за одредување на нутритивен статус со испитување жива капка крв. Посебен акцент е ставен на индивидуалниот пристап кон потребите, стилот на живеење и работа на секој поединец.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …