28.03.2024
Почетна / Градина / Совети од Градинарски центар ФОЈА: 5 декоративни треви, за сечија градина

Совети од Градинарски центар ФОЈА: 5 декоративни треви, за сечија градина

Liriope spp.

Oдличен избор за разубавување на сите сенковити позиции во вашиот двор.

Зимзелена трева која се одликува со сјајни зелени листови, прошарани со бели линии и нежно виолетови цветови во текот на крајот на летото и на есен.

Достигнува 25-30 цм во висина.

Исклучително отпорен вид, односно одлично издржува на сенковити позиции, при комбинации со други видови,и помеѓу дрвја и грмушки. Се употребува како декоративна бордура и покривач директно во почва, а се одгледува и во саксии.

-Hakonecloa aureola

Декоративна трева која се одликува со бујна и густа крошна.

Листопаден вид кој во текот на зимата се губи, а на пролет повторно се појавува.

Исклучително интересен вид кој има жолто зелени листови, прошарани со зелени линии, кои заради невообичаениот изглед ќе ја разиграат монотонијата во вашата градина.

Успешно формираат егзотични бордури,а се употребуваат и како покривачи.

Достигнува до 50 цм во висина, и радијално се шири. Се одгледува на простори со шарена сенка, во почва или во саксии.
Претставува една од најимпресивните орнаментални треви.

-Ophipogon plan. ‘Niger’



Исклучително декоративна зимзелена трева која се карактеризира со невообичаена темно бордо,до црна боја.Одлично може да се комбинира со други видови и се истакнува.Формиира невообичаени и забележителни бордури. Може да се одгледува во почва или во саксии.. Долготраен и издржлив вид кој се одгледува на сончеви позиции или позиции на шарена сенка.Достигнува до 25цм во висина. А во текот на пролетта цвета со мали розеви цветови.

-Festuca spp.

Атрактивна и уникатна декоративна трева, која е одлична за групации и при комбинации се истакнува заради каратеристичната сребрено сина боја.

SONY DSC

Издржува на сончеви позиции и на високи температури, а воедно и не бара многу внимание.Исклучително издржлив зимзелен вид кој расте 20-25 цм. во висина, и годи повремено поткастрување.Ја наоѓа својата примена, како покривач, во алпинетуми, при комбинации со други видови. Може да се одгледува во почва или во саксии.
Декоративна перена која и преку зимата ја задржува формата и бојата. 

Cortaderia selloana-Пампас трева

Декоративна трева која расте до 1.5-2м во висина и ширина. Издржлив вид кој се одликува со тенки и долги темно зелени листови, а на есен цвета со бели или розеви цветови.

Одлично поднесува сончеви позиции и не бара многу внимание, поднесува различни видови почва.

Често се сади и се одгледува покрај водени површини, базени, како посебно растение во тревници ,одлично се комбинира со други видови, а може и да се одгледува во саксии.

За повеќе информации кликнете ТУКА

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …