20.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Сок од репка против деменција и рак

Сок од репка против деменција и рак

Чаша сок од репка не само што го намалува високиот крвен притисок, но ја забавува и прогресијата на деменција и го спречува развојот на тумори, покажува новото истражување.

Лековитите својства на репката станаа предмет на истражување од страна на професионалците од целиот свет. По серија научни тестови станува јасно дека коренот од репка е моќен антиоксидант кој има противоракови својства.

Истражувачите од Универзитетот на Вашингтон открија дека сокот од репка го забавува туморот со 12,5%. Според експертите, тоа е добра превенција за жените, предиспонирани генетски кон развој на рак на дојка.

Научниците од Универзитетот на Северна Каролина открија дека репката може да ја забави деменцијата. Тоа е затоа што азотниот оксид кој се содржи во зеленчукот, го зголемува протокот на крв во мозокот.

Тестовите покажуваат високо ниво на фолна киселина (околу 75% од препорачаната дневна вредност), која може да го спречи развојот на Алцхајмерова болест.

Види

Ова растение го има во нашата држава – Tоа е вистинско богатство за здравјето

Коњско опавче или пршлика е род на васкуларни растенија кои се размножуваат со спори наместо …