Почетна / Градина / Вести / Со сок од Бозел против најтешките болести: Се прави лесно, не чини ништо, а вреди многу (рецепт)

Со сок од Бозел против најтешките болести: Се прави лесно, не чини ништо, а вреди многу (рецепт)

Во пролет цветот може да се користи и како средство против поленски алергии. Има и детоксикациско својство бидејќи го подобрува излачувањето на токсините од лимфните жлезди.

Оваа билка помага и при акни, чиреви, конјунктивитис и осип на кожата. Освен како лаксатив, делува како диуретик и придонесува за здравјето на бубрезите. Поради сите својства е бозелот е одличен при губење на тежината.

Бербата на овие цвеќиња се врши на сонце и на суво време кога бозелот е во полн цут. Многу е важно да најдете расцветано дрво на бозел кое е оддалечено од улица или некој вид на загадување. Цвет по цвет берете и ставјте ги во кеса за да се зачува нивната чистота и свежина.

Потребно:
20 цветови на бозел;
1 литар вода;
800 g шеќер,
Сок од 1 лимон.

Подготовка: Во 1 литар ладна вода, натопете 20 свежи цветови на бозел. Оставете го да отстои на ладно место, но не и во фрижидер 24 часа. Процедете, додадете 800 грама шеќер и сок од 1 лимон и оставете да отстои уште 24 часа. Повремено промешајте шеќерот да се растопи. Процедете низ дупла газа и ставете го во шишиња.

Овој сок се пие разреден со вода, а за подготовка можете да користите и минерална газирана вода.

Извор: makedonijadenes.com.mk

Види

Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 8.2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 0.1 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2018 …