Почетна / Градина / Вести / Со сок од Бозел против најтешките болести: Се прави лесно, не чини ништо, а вреди многу (рецепт)

Со сок од Бозел против најтешките болести: Се прави лесно, не чини ништо, а вреди многу (рецепт)

Бозелот има неверојатно лековити својства, многу пријатен мирис и е непроценливо здрав !

Традицијата на правење сок од бозел доаѓа од античките времиња, од нашите предци кои ги открија неверојатно лековитите својства на овој сируп.

Нашите предци сметале дека бозелот е една од најлековитите билки во светот, а подоцна и научниците потврдија дека тоа е така, истакнувајќи дека содржи големи количини на флавоноиди, каротин, витамин А, B и C.

До сега е познато дека бозелот лечи грип, синуси, бронхитис, астма и алергии. Исто така, докажано е дека сокот од бозел го подобрува имунитетот и помага при дијабетес и запек.

Се претпоставува дека флавоноидите кои ги содржи бозелот се одговорни за поголемиот дел од своите лековити својства. Флавоноидите се моќни антиоксиданси кои го штитат нашето тело од оштетување. Поради тоа бозелот се користи за лечење на дегенеративни болести како и за превенција од рак.

Бозелот е одличен сојузник во превенција од настинка и грип, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем. Покрај тоа, бозелот има антивирусно и антимикробно делување.

Ако чувствувате дека ќе добиете грип, напијте се чај од исушени цветови на бозел или едноставно пијте домашен сок од бозел. Оваа билка се корисна за астма и воспаление на дишните патишта, затоа што го олеснува дишењето и помага при искашлување.

Види

Габите кои ги претвораат мравките во „Зомби“

Имено научниците дојдоа до сознание дека стеблата на новооткриената габа растат врз главата на мравките …