29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Слез (MALVA SILVESTRIS L.)

Слез (MALVA SILVESTRIS L.)

Слезот (Malva Sivestris) расте со височина од над 1 метар. Стеблото е окрукло, разгрането и влакнесто. Листовите се поставени на долгите стебленца во форма на бубрези.

Цветаат со 2-4 големи правилни цветови и се состојат од 5 бледоружести или љубичасти ливчиња. Растението цвета од мај до септември. Плодот е во вид на круг кој се разградува во десет едносемени плодови. Коренот има вретенест облик, слабо разгранет и месест.

Расте во близина на населените места, запоставените земјишта, ливадите, полињата, пасиштата итн. Лековити се сите делови од растението и тоа: корењата, лисјата, цветовите. Листовите може да се берат заедно со кратките стебленца и здравите листови, а цветовите кога се целосно отворени.

Тоа се случува во текот на сувите временски услови. Семето се собира после созревањето на август и септември. Според хемискиот состав ова растение содржи витамин Ц, каротин, железо и калциум. Наоѓа медицинска примена и тоа пти намалување на воспаление на дигестивниот тракт. Чајот кој се подготвува треба да биде отстоен од 5-10 часа, потоа да се исцеди и заслади со мед. Помага против кашлица, воспаление на кожата, чешање и сува кожа.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …