28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Што да садите со вашите деца оваа пролет?

Што да садите со вашите деца оваа пролет?

Пролетта е убава како за нас така и за децата. Пролетта ни ја навестуваат повеќе растенија во нашата градина, а тоа значи и дека е време да се посветиме како на берењето украсни растенија така и на садењето.

Веќе во светот е тренд да се инволвираат и најмалите во оваа дејност, а за некого ова претставува рекреација и забава.

Има толку многу фантастични овошја, зеленчуци и цвеќиња кои може да бидат садени оваа пролет, а секако на децата да им биде забавно.

Повеќето деца кои ги познавам сакаат јагоди, а крајот на зимата или раната пролет е време на нивно садење. Тоа е исто така време на садење на лубениците под фолија, за подоцна да бидат пресадени кога ќе се стопли времето.

Цвеклото, пиперките, морковите, гравот, краставиците, модриот патлиџан, салатата, грашокот, компирот, тиквата, ротквицата, пченката, доматите се сите зеленчуци кои исто така може да се садат оваа сезона.

Голем избор на билки исто може да се сади, вклучувајќи го рузмаринот, магдоност, нането и слично.

Децата ги сакаат цвеќињата, а пролетта е право време за нивно уживање. Луковиците започнуваат да растат, а голем дел од повеќе видови цвеќиња и се садат. Тие не само што децата ги сакаат, туку се и од корист за вашата градина.

Што вие и вашите деца планирате да садите оваа пролет? Што и да се решите ви посакуваме одличен род и забава!

 

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …