19.04.2024

Сантолина

Сантолината е род на цветни растенија од фамилијата „Asteraceae“, присутна во медитеранскиот регион. Познати се 24 видови.

Тоа се мали зимзелени грмушки кои растат до височина 10-60 см.

Листовите се едноставни и фино поделени често густо со сребренасти влакненца. Цветовите се жолти, со 1-2 см дијаметар.

Ова растение се нарекува уште „Lavender Cotton“ бидејќи многу наликува на лавандата. Најчесто се среќава сивата Сантолина која е лесна за одржување и не бара многу вода. Потребно е да се шиша доколку сакаме обликот да и биде поубав.

Види

Рафлесија – најголемoто цвеќе во светот

Ова растение се нарекува Рафлесија „Rafflesia arnoldii“ и може да се најде во дождливите шуми …