Почетна / Градина / Вести / Растенијата имаат мозок?

Растенијата имаат мозок?

Растенијата имаат долг и необичен еволутивен пат. Копнените растенија еволуирале уште пред 450 милиони години, но цвеќињата не се појавиле до Креда периодот, а тревата почнала да расте пред 40 милиони години.

За сето тоа време растенијата развиле некои неверојатни карактеристики, а како што покажува една студија, спроведена од страна на Универзитетот во Бирмингем, едно од нив е мозокот. Не онаков каков што имаат животните, туку збир на клетки кои дејствуваат како еден вид центар за команди.

Откриени во ембрионот на растенијата, тие клетки носат клучни одлуки во врска со животниот циклус на растенијата. Најважно е тоа што токму тие го активираат процесот на ртење, што е процес кој мора да биде внимателно темпиран за да се избегне прераното никнување додека е сеуште студено или прекасно кога флората веќе израснала и станала силна.

Научниците најпрво ги лоцирале овие важни клетки кај растението Arabidopsis. Центарот за команди е поделен помеѓу два видови на клетки, оние кои го поттикнуваат семето да остане исправено, и оние кои го иницираат ‘ртењето.

Меѓусебно комуницираат со помош на хормони, слично како што прават нервните клетки во мозокот. Овие клетки ги проценуваат условите во околината и одлучуваат кога е најдобро време за ‘ртење.

Ова е процес кој е премногу тежок за следење во реално време кај растителните ембриони, па научниците се послужиле со математички модели со цел да предвидат, на кој начин ќе се одигра биолошкиот процес во најчестите сценарија.

Откако научниците заклучиле дека ова е хормонална размена, она што го контролира процесон на ртење, тие искористиле генетски модифицирана верзија на растението Arabidopsis, за меѓусебните врски помеѓу тие клетки да бидат добро видливи. На тој начин движењето на хормоните помеѓу клетките се гледало подобро – како клетките меѓусебно комуницираат.

“Нашата работа ја покажа клучната поделба помеѓу компонентите во центарот за донесување одлуки во растенијата”, вели водечкиот автор Професор Џорџ Басел.

Но зошто постојат два вида на клетки? Научниците сметаат дека можат да имаат различно мислење за условите на животната средина, а до ‘ртење доаѓа дури кога помеѓу нив ќе се постигне консензус.

Иако растенијата технички немаат мозок, понекогаш се однесуваат токму како да го имаат.

Види

Неверојатна уметност со камења од Стефано Фурлани

Неверојатна уметност со камења од Стефано Фурлани