29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА: ОЧЕКУВАЈТЕ ДОЖД И СНЕГ

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА: ОЧЕКУВАЈТЕ ДОЖД И СНЕГ

За време на викендот кој доаѓа ни следува нова промена на временската состојба, во сабота во претпладневните часови времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност додека во попладневните поради локално зголемување на облачноста ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Максималната температуриа ќе се искаачи во интервалод од 18 до 25 степени.

Поизразен влажен бран над нас ќе помине недела доцна попладне и во текот на ноќта кон понеделник кога ќе има врнежи од дожд а можна е и локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе започне да дува и умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика пад на температурите со што на високите планини ќе има услови за врнежи од снег.Максималната температура во недела ќе се искачи во интервалот од 16 до 23 степени додека во понеделник ќе имаме нешто посвежо време со максимална температура која ќе се искачи во интервалот од 13 до 20 степени.

Опасноста од поголемо заладување и минусни температури сега е значително намалена но добро би било земјоделците малку да причекаат со земјоделските работи со цел да бидат сигурни за понатаму и да немаат опасност од мразеви.

Временската прогноза ја подготви meteomax.mk

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …