24.04.2024
Почетна / Градина / Професор Маријан Јошт: Лек против рак – да не се заборави

Професор Маријан Јошт: Лек против рак – да не се заборави

Немам медицинско образование, па по таа логика не би смеел да пишам за ваква чувствителна тема. Меѓутоа, да го знаев ова што сега го знам, веројатно некои од моите пријатели, познајници и пријатели, кои умреа од рак, денес ќе беа живи.

Ова што подолу ви го пренесувам е најновата вест и како сламка за која се фаќа давеник може да ја врати надежта и да го врати здравјето со тешки болести.

Ако погледнете по ливадите се е жолто од глуварчето, а ветрето ги нишка белите глави и го разнесува семето наоколу.

Бев помалку лут на таа билка, која неконтролирано се шири по мојата ливада. Но, денес откако дознав колку драгоцена билка е, потполно го променив своето мислење.

Познато е дека глуварчето е добро за црниот дроб, а за излекување на рак откриено е неодамна на Универзитетот Виндсор во Канада. Д-р Каролина Хам забележала подобрување на здравствената состојба кај неколку пациенти кои пиеле чај од глуварче и со тој случај ја запознава биохемичарката д-р Сјарам Пандеј, која повторно беше убедена да истражува против своја волја. Иако сомнително, по логиката „ако не користи, не може да штети“, го спроведува истражувањето и доаѓа до неверојатни резултати!

Испитувајќи ги резултатите од крв на пациентите заболени од леукемија, утврдиле дека екстрактот од коренот на глуварчето ги уништува клетките на леукемијата, додека кај нормалните клетки нема такви штетни ефекти. Со други зборови, екстрактот од коренот на глуварчето ги уништува канцерогените клетки, за разлика од денешните методи со хемотерапија, кои ги убиваат сите клетки! Испитувајќи и други видови на канцерогени клетки, доаѓаат до истиот заклучок. Екстрактот од коренот на глуварчето бил делотворен. За двете истражувања добиваат финансиска поддршка.

Овој тим на истражувачи поднел барање за овластување, за да можат да продолжат со истражувањето, но голема веројатност е дека овие позитивни резултати полека ќе се заборават.

Зошто? Едноставно. Затоа што, природните лекови не може да се патентираат, а фармацевтската индустрија ако не пронајде начин да ја искористи супстанцата на глуварчето во оваа работа, не може да оствари профит. Значи: ако нема патент – нема голема заработка на фармацевтската индустрија, а ако нема заработка нема ни интерес. Но, и покрај отсуството на интерес, може да се појави и забрана, како што се случило порано со некои природни лекови. Моќта на фармацевтската индустрија е огромна.

За среќа, ако знаењето се пренесе, глуварчето секогаш ќе го има дури и ако Codex Alimentarius ја забрани неговата продажба, па ќе можеме само да си го наоѓаме и береме по ливадите.

Еве неколку примери со излечени луѓе:

Џон ДиКарло е примен во болница, по неуспешен агресивен третман за леукемија вратен е дома да умре. Во неговата куќа, по препорака почнал да зема чај од глуварче и по неколку месеци, леукемијата исчезнала. Имал 72 години кога го прегледале од болница и го прогласиле за здрав.

Друг случај: Џорџ Кернс, фармер во Америка, со помош на корен од глуварче во прав, го излекувал ракот на простата. Тој објавил и инструкции за лекување: половина лажица корен од глуварче во прав исклучиво во вода или овошен сок дневно, ќе ги реши проблемите со рак за неколку месеци.

Постои изразена разлика во пристапот, додека првиот пациент користел топол чај, другиот нагласува правот да не се користи со топли напитоци. Треба да се избегнува шеќер, преработена храна и месо. Се препорачува органска и вегетаријанска храна со многу сокови. Важен е и квалитетот на препаратите од билки.

Сево ова е преведено со надеж дека ќе помогне некому, да му биде од голема корист и помош, за на Вашиот/та сакан/а или роднина да се спаси живот.

Маријан Јошт

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …