29.03.2024
Почетна / Градина / Прилеп доби ново хортикултурно уредување на дел од парковите

Прилеп доби ново хортикултурно уредување на дел од парковите

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со ново хортикултурно уредување на повеќе локации во градот. Целта е освежување на парковските површини и засадување на повеќе зеленило. Во оваа акција сепреуредија дел од содржините на Паркот на Револуцијата, во паркот кај Градскиот часовник, дел од просторот пред споменикот на Тоше Проески и разделниот среден зелен појас на улицата „Димо Наредникот“.

„На овие локации вчера и денеска засадивме 80 брези, 1.250 зимзелени грмушкести растенија и 1.250 парчиња цветен расад. Вредноста на оваа инвестиција е околу 250.000 денари. Со неа го освежуваме овој дел на парковските површини, но нема да застанеме тука и ќе продолжиме со ново хортикултурно уредување и во другите паркови во Прилеп“, истакна Златко Ристески, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

„Општина Прилеп заедно со ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжува со пролетното освежување на градот. Покрај засадување на нови цвеќиња, садници и обновување на зелените површини во постојните паркови, ќе бидат изградени и нови паркови во различни делови од градот. Моментално се уредува паркот пред театарот, Музичкиот парк во Врбенско маало, исто така започна изградбата на еден преубав парк населбата Ѓогдере. Ќе продолжиме и со озеленување на парковските површини во Точила наспроти ООУ „Блаже Конески“ за да се дозаврши тој дел и потоа ќе продолжиме со парковско уредување на просторот околу зградите над црквата Св. Петка. Има и барање за изградба на парковски површини кај зградите во близина на касарните и обнова на паркот „Орде Чопела“ во населбата Варош. Исто така не се запоставени и населените места каде се градат паркови во комбинација со детски игралишта. И да не заборавам дека се гради детско игралиште пред старото училиште „Кочо Рацин“ во населбата Рид“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

„Паркот на Револуцијатае едно од најубавите места во Прилеп кој е посетен од стотици луѓе секој ден.Тој ќе биде обогатен со нови содржини, покрај новите садници, цвеќиња и зелени површини ќе бидат реконструирани и постојните игралишта. Тука се направи претходно и едно преубаво фудбалско игралиште за голем фудбал. Исто така за брзо време ќе биде средено и со нова песок игралиштето за одбојка, што ќе биде едно летно изненадување за сите љубители на овој спорт. Тука на Могилата ќе се гради и терен за мини голф, а во есенскиот дел ќе се гради и уште еден дел т.н Град на дрва, кој ќе биде посебна атракција за сите граѓани. Исто така со приватната инвестиција, Аква паркот, кој е во неспосредна близина на Могилата, овој дел на градот станува уште поатрактивно место за посета“, додаде Ристески.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …