Почетна / Совети / Предности во градинарството за деца

Предности во градинарството за деца

Градинарството е прекрасна активност за децата. Истражувањата докажуваат дека тоа го подобрува и нивното однесување. Не само што градинарството претставува забава туку тоа е приврзаност со на децата во текот на нивниот живот. Има доста предности во градинарството за деца:

– Градинарството активно ги поврзува децата со природата и помага во развојот на нивното разбирање и емпатичност на средината која не опкружува.

Исто така ги охрабрува еко-пријателските навики како што се компостирањето, рециклирањето и принципите на органската храна.

– Одгледувањето на градини ги охрабрува здравите навики на хранење. Ако децата ги одгледуваат нивните свежи производи тие се повеќе заинтересирани во нивното јадење. Исто така прекрасно е самото учење на децата од каде доаѓа храната.

– Градинарството ги учи децата околу одговорноста. Кога тие се грижат за градините, воедно го искусуваат чувството на наградување со добивањето на плодови или пак ги учат последиците доколку не се добијат плодови оваа сезона.

– Луѓето особено децата учат преку нивните сетила и градинарството ги стимулира сите сетила т.е. вкусување на нови вкусови, мирисање на цвеќињата и билки, гледање на промените кои ни се случуваат во сезоната.

– Градинарството ја охрабрува комуникацијата и соработката помеѓу децата кога работат заедно. Тоа е одличен начин за децата да го споделат нивното знаење и вештини со другите луѓе, во било која годишна возраст. Градинарството не е само начин за децата да научат за оваа наука, туки тоа е добро за развојот на математиката и писменоста. Освен тоа, граднарството е прекрасно во релаксирањето на децата.

Па, доколку размислувате за разубавувањето на вашата градина или создавањето на мало земјоделско место, зошто да не ги инволвирате и вашите деца и дозволите да уживаат во сите прекрасни бенефити во градинарството.

Види

Во септември посадете нарциси и кринови

Во првите денови на септември во градината треба да ги засадите луковиците од нарцисите. Луковиците треба …