25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Потребни се работници во Македонија: 500 евра плата со обезбедено сместување и храна

Потребни се работници во Македонија: 500 евра плата со обезбедено сместување и храна

Одгледувачите на јаболка во Преспа мака мачат да најдат добри работници за берба на јаболка и покрај тоа што нудат примамливи дневници од 1.000 денари и обезбедено сместување и храна, пишува порталот Фактор.

“Интересот за оваа работа е слаб, и затоа се мобилизираме преку познаници и пријатели за да најдеме работници секоја година“ – вели Фросина Ѓоргиевска која во преспанско на повеќе локации има 3 хектари со јаболка.

Таа додава дека потребни се млади луѓе, но може да се пријаваат сите кои се на возраст од 35 до 55, па и до 60 години кои се работоспособни бидејќи покрај тоа што јаболката се берат, потребно е и да се товарат. Не е важно дали се мажи и жени, најважно е да работат.

Бербата е во сепрембри, а недела дена пред да почнат со бербата се започнува со барање на работници. Оваа година Ѓоргиевска вели дека ќе почекаат до 10 јули за да видат каков ќе биде родот, а потоа ќе започнат со барање на работници.

“Лани родот беше слаб поради лошите временски услови, а и оваа година може да се случи истото. Има производители кои бараат по 10 или 12 работници. Ние ќе видиме колкав род ќе има , дали ќе ни бидат потребни работници, или сами ќе можеме да ја завршиме работата. Бербата може да трае од 15 па се до 60 дена, зависно од родот. Дневниците се 1000 денари, со ручек, а доколку се обезбеди и сместување за работникот тогаш цената се намалува и се движи од 600 до 800 денари“ – вели таа.
Ова претставува одлична шанса за сите граѓани кои бараат сезонска работа преку лето.

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …