20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Посетителите на Капитол Мол ги поставија своите украси на природните елки донирани од Винчини

Посетителите на Капитол Мол ги поставија своите украси на природните елки донирани од Винчини

По повод празниците, во почетокот на декември, Винчини постави декоративни природни елки во Капитол Мол кои го разубавија просторот, а воедно делуваа и како природни прочистувачи на амбиенталниот воздух во молот.

На прекрасните зимзелени дрвца, посетителите на Капитол Мол поставија новогишни украси и рачно изработени декорации кои допринесоа за празничен амбиент.

Посетителите на молот, најчесто дечињата донесоа украси по своја желба, рачно изработени, распар или постари украси, и ги поставија на зимзелените гранчиња.

По завршување на празничните денови, Винчини ќе ги донира и засади елките во дворовите на неколку скопски градинки и учлишта.

 Им благодариме на сите посетители на Капитол мол кои се вклучија во акцијата и ја препознаа нашата искрена намера да направиме поразлична празнична акција. Украсите кои ги поставивте се прекрасни, а ние ќе се потрудиме да заблескаат на новогодишните елки во неколку градинки и училишта. Елките остануваат во Капитол Мол до Божиќ, па ве повикуваме да го поставите вашиот украс и заедно да ја споделиме магијата на празниците“ – вели Марина Андреева, маркетинг координатор во Винчини.

Меѓудругото, природните елки кои сé уште се живи дрва со корени во земја, се добри за амбиенталниот воздух во просторијата каде се поставени, бидејќи на игличките на зимзелените дрва и грмушки се лепат секакви прашинки и нечистотии.

Новогодишните природни елки, изгледаат многу пораскошно од вештачките, а допринесуваат за потопла атмосфера и пријатен мирис во просторот.

Во зимскиот период, кога жителите на Скопје се загрижени за квалитетот на воздухот во градот, секој вложен напор да се влијае позитивно на оваа ситуација е вреден и добронамерен.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …