Почетна / Градина / Хортикултура / Перуника–повеќе од обично и убаво цвеќе

Перуника–повеќе од обично и убаво цвеќе

Сите знаеме дека цветот Перуника дава убави виолетови светови, има високо стебло и изгледа многу убаво.

Освен овој тип на перуника за која ние знаеме, има и водена перуника која цвета жолто, расте во бари, езера или мочуришта, а исто така дава големи и убави цветови.

Денеска немаме за цел да ви објаснуваме за убавите цветови на перуниката туку за нејзината лековита моќ, за која можеби и не верувате дека постои.

Сепак перуниката не е толку лесна за употреба, па се потребни низа постапки пред да биде употребена како суровина за правење на лек.

Перуниката по собирањето се подготвува без корен и кора, значи е потребно да се отстрани дебелата кора од стеблото кое може да достигне висина и до 1 метар. Кога ќе ја отстраниме кората веднаш мораме да ја ставиме во вода за да не добие црна боја, а потоа нагло ја сушиме на сонце.

После 7 дена сушење на директно сонце се собира и се остава на простор каде што има постојана циркулација на воздухот, за да продолжи да се суши. Вака мора да одлежи две години. Перуниката луѓето ја употребуваат при лекување на болести на белите дробови, астма, бронхитис, и според оние што ја употребуваат дава одличен ефект.

Како се приготвува? Една голема лажица од суровината како што објаснивме погоре се става во 300 грама вода. Се остава да стои 20 минути. Се пие 3 пати дневно после јадење.

Види

Како успешно да ги пресадите растенијата

Растението треба да се пресади тогаш кога ќе се утврди дека саксијата станала претесна за …