19.04.2024
Почетна / Градина / Овошје и зеленчуци за здрав и убав тен

Овошје и зеленчуци за здрав и убав тен

Британски научници открија дека конзумирањето на овошје и зеленчук води до постигнување на здрав, златен тен кој ги прави луѓето поатрактивни за спротивниот пол.

“Многу луѓе сметаат дека најдобар начин да се подобри бојата на кожата е да добиете сончев тен.

Но, нашето истражување покажува дека јадењето многу овошје и зеленчук всушност е поефикасно “, изјави раководителот на истражувањето д-р Јан Стивен.

Научниците, кои работеле во лабораторија на Универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска, прво оцениле дека бојата на кожата на учесниците во истражувањето е во зависност од режимот на нивната исхрана. Оние со повисока дневна доза од овошје и зеленчук имале златна боја на кожата, прецизира агенцијата МИА.

Потоа тие користеле научен инструмент, наречен спектрофотометар, со кој го мерат начинот на кој светлината од различни делови на спектарот се апсорбира од кожата.

Така било утврдено дека учесниците со здрав тен имале повисоко ниво на каротеноиди, жолти и црвени антиоксиданси, за кои се смета дека играат улога за зајакнувањето на имунолошкиот систем и зголемувањето на плодноста. Каротеноидите се среќаваат вообичаено во овошјето и зеленчукот и тоа во: жолтите и црвени пиперки, спанаќот, кајсиите и дињите, пишува zdraven.bg

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …