Почетна / Градина / Животни / Откриено зошто зебрите имаат црно-бели риги

Откриено зошто зебрите имаат црно-бели риги

После толку изминати години истражувања, на крајот се откри зошто зебрите имаат црно-бели риги.

Според научниците од Шведска и Унгарија, ригите биле одбрана од мувите кои се честа мета на копитарите.

Целосното истражување е објавено во магазинот „Experimental Biology“, каде се вели дека ригите настанале за да се одбранат од наездите на муви.

„Почнавме со проучување на коњи со бела, кафена и црна боја“, вели Сузан Акесон, од Универзитетот „Lund“ за BBC.

Нивните истражувања велат дека на мувите им одговара начинот на кој светлината се рефлектира од влакната на темните коњи. Тие направија и еден друг експеримент.

Имено зедоа неколку примероци од дрвени тродимензионални модели на коњи и ги исфарбале со кафеава, црна и комбинација од црно-бела боја, а потоа ги премачкале со лепак кој може да ги привлече инсектите.

Мувите речиси воопшто не му се приближувале на премерокот кој имал тело во боја од зебра. „Тоа не изненади бидејќи на тој примерок сепка има црна боја, па не ни е потполно јасно зошто таа комбинација им е толку одбивна“, вели Акесон.

Научниците во својата студија признаваат дека на оваа интересна појава може да влијаат и повеќе фактори за кои е потребно дополнително истражување.

Види

Што се случува кога змија ќе изеде Еж

На интернет се појави видео на голема змија – најверојатно Боа која се обидела да …