19.04.2024
Почетна / Градина / Општо за балконските растенија

Општо за балконските растенија

Доколку планирате балконот да го претворите во цветна градина, тогаш секако ќе треба да се водите според одредени естетски правила. Секогаш одбирајте растенија чии цветови се само со „ладни“ или само со „топли“ бои. Во случај неколку растенија да садите во една саксија, растојанието меѓу нив мора да биде повеќе од 15 сантиметри. Најубаво изгледаат цвеќињата кои во иста саксија се садени во два реда или по принципот „цик-цак“. Ако вашиот балкон е мал, тогаш најпаметно е да го украсите со исто растение кои има цветови во неколку бои и нијанси. Најдобро решение е на балкон да засадите цвеќиња во саксии направени од глина. Тоа не важи само за саксиите, туку и за жардињерите и големите цветни сандаци. Упатените велат дека сандаците за цвеќиња не смеат да бидат подолги од еден метар, пошироки од 20 и подлабоки од 18 сантиметри. Малите садови се практични и ако вашиот балкон е простран зашто лесно можат да се преместуваат. Кога, поради мразовите од балконот, ќе исчезнат разнобојните цветови, тогаш најдобро е садовите да ги наполните со мали растенија. Такви се, на пример, шимширот и јапонската дуња. Во овој период од годината на терасите убаво ќе изгледаат и ползавците со кожести листови и ниските рози. Во текот на есента паметно е да насадите зумбули, ниски лалиња, нарциси или ириси, бидејќи тие први ќе процветаат напролет.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …