Почетна / Градина / Вести / Олеандер (Nerium oleander)

Олеандер (Nerium oleander)

Олеандер (Nerium oleander), е зимзелено растение од семејството „Apocynaceae“ која расте од Средоземјето, па се до Јунана во Кини.

Постојат околу 400 видови и содадени се повеќе хибриди. За буен раст, Олеандерот сака многу Сонце, па можете да го поставите директно изложено на него.

Во лето му одговара балконот или јужниот ѕид. Оптимална температура му е 20-35 степени Целзиусови.

Обично расте околи сувите подрачја, но често се одлгедува како украсно и декоративно растение, поради преубавите цветови.

Расте во висина од 2-6 метри, листовите во парови или во тројки. Имаат темнозелена боја, долги се и шилести, околу 5-21cm и широки од 1-3.5cm.

Цветовите растат на крајот од гранките и бојата може да биде бела, ружеста, црвена или жолта. Олеандерот добро расте во сутропските подрачја во кои често се одгледува во дворовите, градините, парковите и слично.

Ја подндесува одлично сушата, но треба да се внимава на мразовите, бидејќи ова растение поднесува до -10°C. Наоѓа широка примена покрај патиштата како заштита од бучава. Ова растение е доста отровно, па затоа треба да бидеме внимателно при неговото одгледување.

Види

Што ќе ви се случи ако вдишите 5 минути етерично масло од лаванда

Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17-тиот век, била забележана една …