Почетна / Градина / Лек / Одгледувањето на коноп е познато уште во историјата

Одгледувањето на коноп е познато уште во историјата

На ова едногодишно растение латинското име е „Cannabis” и потекнува од фамилијата Конопоцветни. Има три вида „Cannabis sativa“, „Cannabis indica“ и „Cannabis ruderalis“

Во република Македонија одгледувањето на коноп е познато уште во историјата и тоа во делови каде има поголем процент на влага. Се сее во месец март. Расте доста високо и тоа во зависност дали се работи за машко или женско. Женското растение е повисоко и може да порасни и над 3м.

Конопот е топлољубиво растение и идеална температура за негов развиток е преку +15 °С и за најдобар разиток е потребно најмалку 6 часа директна сочева светлина. Од влакната се добиваат квалитетни производи како што се јажињата, облеката, теписи, вреќи, черги.

Наоѓа широка примена во медицината и тоа за ублажување на болката, СИДА, рак, паркинсова болест, ги намалува заболувањата од глаокум (очните болести) и др.

Во историјата наоѓала примена и во стоматологијата, каде семето се ставало на местото каде се сакало намалување на болката.

Во Р.Македонија сеуште е забрането производството на коноп, како и неговата употреба за разлика од некои други држави во светот каде народно се нарекува медицинска марихуана.

Види

Рузмаринов сируп против ревматизам

Една од најкорисните билки за болки во зглобовите и ревматизмот е растението рузмарин. Таа е …