Почетна / Градина / Вести / Обезбедете го течниот отпад од шталите да не ја загадите водата

Обезбедете го течниот отпад од шталите да не ја загадите водата

Се забранува секое дејство со кое се загадува амбиенталниот воздух преку емисии на загадувачки супстанци. Објектие во кои спаѓаат и фармите за кои не придвидено издавање на интегрирани еколошки дозволи согласно законот се градат опремуваат и одржуваат на начин со кој се спречува намалува и контролира негативното влијание врз квалитетот на амбиенталниот воздух. Почвата акумулира различни хемиски соединенија и органски материи, сепак, ако овие супстанции се ослободуваат континуирано се зголемува можноста од нивно протекување.

Фосфорот амоњјакот и органските материи обично се задржуваат во горниот слој од почвата и можат да дојдат до површинските истечни води со испраните честички од почвата. Азотот е мобилен во почвата и неговото придвижување преку истечните води може да доведе до загадување и на подземните води. Течното шталско ѓубриво се добива при сместување на говеда овци или свињи на без употреба на доволно слама или друга простирка. Тоа содржи фецес, урина и вода како и мал дел од простирката. Течното шталско ѓубриво може да варира од полу цврст облик до течен. Истекува со помош на гравитација и може да се собира во подни системи подземни резервоари или јами.

Во случаи на негова механичка сепарација од цврстиот дел на ѓубривото тоа може да се испумпа и во иригационите системи. Во цврсто арско ѓубриво спаѓа арско ѓубре од традиционални стопански дворови со или без простирка во зависност од видот на животните кои се одгледуваат. Често пати цврстото арско ѓубре се добива по сепарација на течниот дел. Повеќето системи за бројлери и несилки произведуваат цврсто ѓубриво. Овие органски материи генерално содржат доволно цврст матерјал или имаат доволно сува материја за да можат да се складираат.

Извор: Прирачник за добра земјоделска пракса

Види

Што ќе ви се случи ако вдишите 5 минути етерично масло од лаванда

Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17-тиот век, била забележана една …