28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Николовски: Нема застој во откупот на лубениците и другите земјоделски производи, МЗШВ ја следи состојбата

Николовски: Нема застој во откупот на лубениците и другите земјоделски производи, МЗШВ ја следи состојбата

Тимови од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се постојано на терен и го следат откупот на лубеници, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Министерот Николовски посочи дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што беше случајот со доматите. При тоа минстерот потсети дека со цел стабилизирање на пазарот и ублажување на ценовниот шок, минатата година МЗШВ воведе дополнителна субвенција од 2 денари за килограм за лубениците и 6 денари за килограм праски, дополнителни мерки за пченицата, како и за грозјето. Оваа година, се зголеми на субвенцијата за предадени домати од 3 на 7 денари за килограм, и се постигна договор вишокот домати да го откупат преработувачките капацитети, а се со цел стабилизирање на откупот.

„Владата и МЗШВ ја следат состојбата на терен, нема застој во откупот, 500 тони лубеници дневно се откупуваат. Во оној момент кога ќе се оцени за било која култура, вчучително и за лубенциите, Владата навреме ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки, како што реагираше и за доматите, за кои што се зголеми субвенцијата, што резултираше со стабилизирање на откупот и зголемување на цената.Паралелно освен интервентните мерки , МЗШВ интезивно работи и на носење на мерки кои очекуваме на долг рок на долг ги решат проблемите со откупот“, изјави министерот Николовски.

На новинарско прашање во врска со годинешната жетва на пченица, министерот Николовски потенцираше дека пред почетокот на жетвата се одржаа неколку состаноци со земјоделците и мелничарите, но и дека во тек е процедурата која што ја започна

Агенцијата за стокови резерви, со која што е планирано откуп на 12.000 тони домашна пченица.Министерот Николовски објасни дека се предвидени и помали лотови на кои што да се јават и помалите земјоделци.
„Очекувам постојано да се зголемува цената на пченицата пред откупот. Лани стоковните резерви од пченица се продаваа по шест денари пред жетвата што доведе до спуштање на цената. Сега Владата тоа не го дозволи“, изјави Николовски.

Во врска со објавувањето на производната цена, Николовски посочи дека прво треба да се видат приносите од пченица за да се објави производната цена, но потенцираше дека МЗШВ ќе ја исполни оваа обрска не само за пченицата туку и за останатите земјоделски култури.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …