Почетна / Градина / Вести / Научно откритие покажа како конопот помага на мозокот да ги зголемува мозочните клетки

Научно откритие покажа како конопот помага на мозокот да ги зголемува мозочните клетки

Канадски научници открија во 2005 година, дека во Конопот поточно супстанцијата тетрахидроканабинол (ТНС) помага на мозокот со тоа што ги зголемува мозочните клетки. Процесот се нарекува неврогенеза. Тоа е главната состојка на канабисот.

Ова откритие на канадските истражувачи, според нивните зборови го урна митот дека пушењето на канабис е штетно.

Професор д-р Ксиан Дзанг, од Универзитетот Саскавечан во Канада, објаснува дека повеќето современи лекови не го зголемуваат производството на мозочните клетки и дури ја потиснуваат неврогенезата, додека конопот ја стимулира.

Според него конопот не е дрога, и во него се содржат квалитетни материи.

Истражувачите ги набљудувале ефектите од канбидиолата врз глувците и поконкретно на нивниот хипоталамус, кој е извор на депресии, стресови и состојби на анксиозност. Хипоталамусот ја регулира когнитивната функција и емоционалноста и истовремено е единствениот дел од мозокот кој во понапредната возраст продолжува да расте.

Истовремено Хипоталамусот игра важна улога во меморијата, емоциите, способноста за учење на нови нешта. Претходните обиди со канабидиола докажуваат дека тој има позитивен ефект кај состојбите на депресија и анксиозност.

Докажано е исто така дека недостатокот на неврогенеза во хипоталамусот доведува до проблеми со учењето, зголемувањето на депресии и состојбите на анксиозност.

Професор Исмаел галвао-Ропер вели дека преку употребата на тетрахидроканабинола и канабидиола се влијае позитивно на хипоталамусот и ја промовираат неврогенезата во него, и се намалува со стареењето.

Види

Што ќе ви се случи ако вдишите 5 минути етерично масло од лаванда

Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17-тиот век, била забележана една …