25.04.2024
Почетна / Uncategorized / Најнова временска прогноза: Еве што не очекува претстојната вечер

Најнова временска прогноза: Еве што не очекува претстојната вечер

Циклонот ДИМИТАР и понатаму ќе условува врнежи, но со тоа што во текот на претстојната вечер и ноќ ќе се прошират речиси насекаде и ќе се интензивираат во нивниот интензитет, пишува Meteomax.mk.

Во северната половина врнежите ќе бидат претежно од снег или од дожд и снег (повремено) а не се исклучува и локална појава на замрзнат дожд додека во јужните и во југоисточните предели истит еќе бидат претежно од дожд додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег.

Ќе продолжи понатамошното зголемување на снежната покривка па токму поради ова на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да возат со намалена брзина.

Локално до утре (петок) изутрина ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог и тоа особено на исток.

Со ова територијата на нашата држава влегува во ЖОЛТА и во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза па затоа ВНИМАНИЕ.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …