Најдобро чувајте го во спалната соба: Растението кое додека спиете ви дарува кислород

August 11th, 2017 | by Gradina Mug
Најдобро чувајте го во спалната соба: Растението кое додека спиете ви дарува кислород
Вести
0

Сансеверијата „Sansevieria trifasciata“ е вид од „Sansevieria“ кој потекнува од тропските области на Западна Африка, поточно Нигерија и источно Конго.

Ова е вечнозелено растение на кое листовите му растат вертикално директно од почвата. Зрелите листови се темно зелени, а помладите светло зелени.

Може да достигнат височина помеѓу 70-90см во должина и 5-6см во ширина. Уште се нарекува змиско растение поради обликот на листовите.

Посебно за ова растение е дека во текот на ноќта ослободува повеќе кислород, па затоа пожелно е да се чува во спалната соба.

Поголем од истражувањата направени од страна на НАСА, Сансевиеријата претставува едно од најдобрите растенија за подбрување на воздухот во просториите, бидејќи ги абсорбира токсините како нитроген оксидот и формалдехидот.

Ова орнаментално растение потребно е да се чува и надвор, но во текот на топлите месеци. Не е потребно да се наводнува многу често. Во зимските месеци доволно е да се полее со само една чаша вода во текот на еден месец. Може да се размножува преку резници или делба на ризомите.

Comments are closed.