24.04.2024
Почетна / Градина / Најава за промена на времето: Еве што да очекуваме наредните денови, а од понеделник …

Најава за промена на времето: Еве што да очекуваме наредните денови, а од понеделник …

За време на викендот кој ни доаѓа ќе имаме релативно брза и преодна промена на временската состојба кај нас.

Станува збор за циклонска активност која во сабота од доцните попладневни часови како и навечер најпрвин на северозапад и запад ќе услови врнежи од дожд а во текот на ноќта кон денот недела врнежите ќе се прошират насекаде низ државава, пишува Метеомакс.

Како ќе поминува оваа циклонска активност над нашата држава така ќе има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи.

Најинтензивни врнежите ќе бидат на запад каде локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог додека снег ќе врне само на повисоките планински места.

Ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН ветер од југозападен и јужен правец па токму поради ваквата ситуација и доста ветровитото време добро би било да внимавате.

Максималните дневни температури на воздухот во сабота ќе се искачат во интервалот од 16 до 22 степени додека во недела циклонската активност ќе ги спушти температурите но не премногу па така во недела максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени на крајниот југоисток од државава.

Веќе од понеделник ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време.

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …