Почетна / Градина / Вести / МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, да не се манипулира со земјоделците

МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, да не се манипулира со земјоделците

Додека земјоделците протестираа и го блокираа патот, камиони за откуп и чекаа да откупуваат лубеници во Струмица.

Очигледно е дека некој ги доведува во заблуда земјоделците, откуп на бостан и денеска се врши во струмичко. Во последните 7 дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денес е планира откуп од околу 130 тони лубеница.

Според Подрачната единица во Струмица, во следните денови се планира откуп уште на 200 тони. Откупната цена е задоволителна и се движи од 3 до 4 денари по килограм.

Министерството и натаму ја следи состојбата на терен и ќе интервенира доколку за тоа има потреба. МЗШВ интензивно работи и на носење на мерки кои на долг рок на долг ги решат проблемите со откупот на земјоделските производи.

Сите земјоделците кои имаат било каков проблем, слободно можат да ги контактираат Подрачните единици на МЗШВ или директно МЗШВ.

Види

Со оглед дека климатските промени го преобразуваат земјоделството, меѓународната трговија ќе биде сè поважна за прехрана на светот

Отворените, предвидливи и фер глобални пазари на храна можат да помогнат во зајакнувањето на напорите …