Почетна / Совети / Мексиканска градина

Мексиканска градина

Како шпанските градини така и градините на Ацтеките биле терасовидни и имале скалести водопади, опкружени со цвеќе, со квадратни форми и биле оградени со зеленило и претрупани со лиани.

По шпанското завојување во 16тиот век шпанско-мавританската култура влегува во Мексико каде преовладуваат шарените мозаици, зеленчуковите растенија и зачини, градинарскиот мебел итн.

По извојување на независноста на Мексико, градините во овој регион се под влијание на други градинарски стилови како на пример француските градини.

На францускиот стил во пејзажот се должи денешното присуство на геометриските форми во градината со леи, мермерните статуи, кој го преобразуваат вкупниот изглед на градината. Така во дизајнот на мексиканската градина се одразуваат различните влијанија, кои се резултат на историскиот развој на регионот. Локална традиција на Ацтеките е испреплетена со шпански, мавритански и француски елементи. Градината се карактеризира со микс од локален и колонијален дизајн, пустински бои и растенија, теракот и корисни растенија како билки и зеленчук.

Нејзините суштински и препознатливи елементи се:

– Градината е затворена, одвоена од уличниот шум и љубопитните погледи. Таа претставува внатрешен двор, покриен со теракот плочки. Класичните мексикански дворови се павирани со рачно изработена теракот, чии бои максимално да се доближуваат до топлите земни тонови како црвената, кафеавата. Можно е на теракот плочките да се врежани природни елементи како сонца, кактуси или лисја.

– Бидејќи во мексиканската градина се комбинира елеганцијата на шпанската култура во неа задолжително има место за одмор, рекреација и забава. Зоната за социјално вмрежување не е само важна, но и централна во мексиканската градина. Во идеален случај тука се вклучува рачно изработената тула печка или скара.

– Мебелот е претежно дрвен или од ковано железо, претрупан со повеќе перници и покривки.

– Мексиканската градина е незамислива без воден елемент. Овде спаѓаат малата фонтана или малото езерце со риби, што ја дава потребната атмосфера и боја на градината.

Види

Како успешно да ги пресадите растенијата

Растението треба да се пресади тогаш кога ќе се утврди дека саксијата станала претесна за …