28.03.2024
Почетна / Градина / Животни / Македонските биолози го пронајдоа слепото ѕверче во пештерата Балтин – Leptinus testaceus

Македонските биолози го пронајдоа слепото ѕверче во пештерата Балтин – Leptinus testaceus

На 18.2.2017 при посета на пештера Балтин која се наоѓа во близина на селото Зашле, од истражувачкото друштво на студенти биолози пронајдоа еден мал тврдокрилец кој потоа беше анализиран во една од лабораториите на Природно математичкиот факултет во Скопје.

Овој вид е широко распространет во Европа, а неодамна е објавен како нов вид за бугарската фауна (Guéorguiev & Bekchiev, 2009). Досега овој вид не е регистриран во Македонија, и претставува нов вид за македонската фауна.

Leptinus testaceus e мал (2.5mm) и целосно слеп тврдокрилец од фамилијата Leiodidae. Некои автори шпекулираaт дека е паразит, бидејќи се наоѓа во гнездата на некои цицачи. Исто така, тоа може да се најде во ендогејски (подземни) хабитати (пештери, под камења).

Leiodidae е фамилија на тврдокрилци со околу 3800 опишани видови кои се наоѓаат низ целиот свет. Членовите на ова семејство обично се нарекуваат овални габични тврдокрилци поради топчеста форма на многу видови, иако некои се повеќе издолжена форма. Тие обично се мали или многу мали бубачки (помалку од 10 mm во должина) и многу (но не сите) видови се со антени во форма на бејзбол палка.

Автор: Алексеј Ановски, ИДСБ

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …