25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Македонскиот опиум бил најбаран и се извезувал во цел свет – еве зошто престанало производството

Македонскиот опиум бил најбаран и се извезувал во цел свет – еве зошто престанало производството

Во Архивата на Југославија, има флејтон „Ран Балкан“ од францускиот публицист Албер Лондар од 1931 година.

Врз основа на расположливите податоци за производството и извозот, се гледа дека производителите на опиум во Вардарската долина, помеѓу двете светски војни, задоволувале 43% од побарувачката на легалната преработувачка индустрија, додека последователната турско-југословенска соработка опфаќала 80% од светските потреби!

Од цевките на пушка на тиквешката земја

Благодарение на геолошките предиспозиции на македонската земја и специфичната клима, одгледувањето афион уште во раниот 19-ти век стана ветувачка активност, преку која Турците видоа „скратен пат“ за економско придвижување на Македонија и зголемување на профитабилноста на турските поседи.

Првиот афион бил засеан во 1835 година во околината на Штип, а анегдотата вели дека афионските семиња биле донесени во цевките на пушка. Како први одгледувачи на афион се споменуваат Абдул Хешан Халил и извесен Али Симон Заде, кои првото семе го засеале во Кавадарци.

Во осумдесеттите години на 19-ти век селаните во Штип, според инструкциите на солунските трговци го одгеледувале растението, го посипувале со катран и го наплаќале добро.

Веста за чудната билка брзо се проширила, па долините Тиквеш и Рајац побелеле од огромните полиња со цветови. Со оглед дека македонскиот подвид на афион е создаден со вкрстување на бел и виолетово-сив афион, многумина заклучиле дека при формирањето на првото експериментално поле активно учествувал и некој експерт. Добрата страна на одгледвањето афион била во фактот дека по жетвата можеле да се засеајат уште семиња, па истата година, од истата област да се добијат две жетви.

Види

Потхранување на расадот

Хранењето на млади растенија со зеленило започнува веднаш по ртење на растенијата – околу 5-7 …