Почетна / Градина / Вести / Македонскиот филигран – беше на работ на изумирање, а сега е еден меѓу најбараните

Македонскиот филигран – беше на работ на изумирање, а сега е еден меѓу најбараните

Голем дел од скапоцените камења се вградуваат во ФИЛИГРАН. Карактеристичен за ориентот чија европска порта е токму Македонија, привлекува големо внимание кај странските посетители, но и кај младата генерација клиенти.

Филигранската уметност е една од најстарите и најубавите уметнички форми создадени од страна на човека.

Иако филигранот стана посебна гранка на јувелирството во модерно време, оваа техника била составен дел на златарите од античко време. Имено, целиот накит на Етрурците и во Античка Грција бил правен со лемење наместо со резба или гравирање на материјалите.

Филигранот е најраспространетата техника во уметничката обработка на сребро и злато.

Филигранската уметност се состои од виткање, усукување и плетење на тенки метални жици, и нивно спојување (лемење) една со друга во точките на допир како и со подлогата.

Филигранот, како би се кажало, “има душа“!

А речиси беше на работ на изумирање, “задушен“ од распространувањето на евтин накит произведен индустриски и во големи серии.

За среќа, останаа активни неколку работилници и дуќани специјализирани за филигран кои заедно со неколкуте владини и невладини иницијативи за зачувување на филигранскиот занает, придонесоа за скромното појавување на нова генерација млади артисти и занаетчии. Тие млади артисти внесоа нова енергија во запоставениот сектор.

ДЕКО, со Македонскиот Рубин, дава придонес од витално значење за развој на филигранот.

Карактеристичен за ориентот чија европска порта е токму Македонија, привлекува големо внимание кај странските посетители, но и кај младата генерација клиенти.

Не е битно каква боја има, колку е голем, како е изработен, битно е да имаме македонски рубин. Шкартов е Македонецот кој во 2008 го заштити името македонски рубин како посебна марка.

За повеќе кај ДЕКО

Види

Што ќе ви се случи ако вдишите 5 минути етерично масло од лаванда

Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17-тиот век, била забележана една …