19.04.2024
Почетна / Совети / Мај, месец на цветна рапсодија од бои: Што да засадите оваа недела

Мај, месец на цветна рапсодија од бои: Што да засадите оваа недела

Совети од градинарскиот центар- Фоја

Со пролетта и топлото време ни доаѓа период на раскошни и разновидни цвеќиња и бои.

Па така можеме слободно да кажеме дека Мај е месец на цвеќето. Период кога целата вегетација е во полн ек, разбудена и расцветена, истовремено и идеално време за уредување или преуредување на сопствениот двор.

Зошто да не придонесеме кон создавање на поголема хармонија во просторот!

Токму по тој повод во градинарскиот центар- Фоја можете да најдете широк асортиман на цветен расад, перени, грмушки… со кои вашата градина ќе биде многу пошаренолика и поубава.

Наш предлог за оваа недела е:

1.Dianthus-Каранфил.

Повеќегодишно растение кое одлично поднесува сончеви позиции, се одликува со густа и компактна лисна маса од која избиваат цветовите. Достапен е во многу бои и е лесен за одгледување во саксија и на отворени површини.

Заради раскошноста и мноштвото бои, во минатото се сметал за божествен цвет, па од таму и латинскиот назив за овој вид кој потекнува од зборовите dios-бог и anthos-цвет. А народниот назив-Каранфил е добиен според сличната миризба со зачинот каранфил.

Овој вид симболизира љубов,восхит и особеност.

Каранфилот, како вид, многу одлично се вклопува и со други видови со што ќе ви понуди и леснотија при комбинирањето и уредувањето во вашиот двор.

2.Celosia Plumosa

Едногодишно растение кое одлично издржува на сонце. Може да се најде во црвена, жолта, портокалова, розова и бела боја. Со тоа што не расте во височина (20-50цм) често се употребува за подигање на цветни леи. Во тој случај се садат од 15-20 парчиња на m2.

Одгледувањето е ослободителна околност кај овој вид. Многу лесно се одржува и не бара премногу внимание. Изгледа импресивно, со јаки бои и голема густина на цветот, и со интересна текстура која изгледа како сомот.

Името на овој вид потекнува од изгледот на цветот кој потсетува на пламенче од оган, па од таму и народниот назив-жарче.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …