Почетна / Градина / Храна / Личи – плодот на радоста, љубовта и здравјето

Личи – плодот на радоста, љубовта и здравјето

Го нарекуваат плод на радоста, љубовта и здравјето. Потекнува од далечниот Исток, и со своите незаменливи квалитети изгледа сосема заслужено се наредил до сите досега познати суперплодови кои влегуваат како на западните пазари, така и кај нас. Тоа е егзотичен плод, кој е исклучително корисен и вкусен.

Го нарекуваат плод на радоста, љубовта и здравјето, бидејќи според кинеските традиции содржи јасно изразена Јан енергија и ја поседува силата, светлината, огнот и ветрот.

Мирисот му е одличен, а огромното количество витамини, меѓу кои особено корисен витамин Ц, го претвораат во суперплод. Покрај тоа содржи многу пектинови материи, калиум и магнезиум. Неговите здравствени квалитети се надополнуваат и од многу високата содржина на никотинова киселина, позната како витамин РР кој го спречува развојот на атеросклероза. Ова е ситен плод со коска а плодот е покриен со лушпа со розова боја, која се одвојува многу лесно.

Внатрешноста на плодот е бела, полупроѕирна, слатка и сочна. Источните народи го користат семето како аналгетик при невралгии и воспаленија. Плодовите пак дејствуваат за стабилизација на нивото на шеќер во крвта кај дијабетес и хипогликемија. Ја подобрува функцијата на бубрезите, црниот дроб и белите дробови. Суперплодот може да се користи и при анемија и го помага варењето.

Види

Македонија прв пат ќе тестира има ли храна третирана со јонизирачко зрачење

Агенцијата за храна и ветеринарство, за прв пат, ќе врши испитувања дали на македонскиот пазар …