25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Лековитите растенија треба да се собираат совесно и рационално!!!

Лековитите растенија треба да се собираат совесно и рационално!!!

Загрижувачка е ситуацијата со неконтролираното собирање на ретки растенија од професионални колекционери и како резултат на оваа појава, загрозени се голем број од локалните ендемити како и многу видови на лековити растенија.

При собирањето треба да се води сметка на секое станиште да се остават по 10-20 примероци или барем 40% од хербата, за да се овозможи понатамошна нормална репродукција на растението.

Лековитите и ароматичните растенија се собираат доколку имаме потреба од нив! Ако лековитоста на едно растение се содржи во неговата херба (надземен дел од растението), не треба да се собира заедно со корен, бидејќи така ќе дојде до истребување на видот и оневозможување на неговата репродуктивна способност. Неконтролиран, нестручен и несовесен начин на собирање на растенијата доведува до нивно уништување.

АЛАРМОТ Е ВКУЧЕН!

Алармот за опстанок на некои видови одамна е вклучен. Ако наскоро не се превземат мерки во Македонија ќе дојде до исчезнување на многу видови.

Со нестручно и масовно собирање на лековитите растенија, како што е мајчината душица, камилицата, кантарионот, ајдучка трева, планински чај, кантарион, салеп, боровинки и уште многу други видови, се уништува видот, бидејќи се собираат заедно со коренот иако тој не е потребен.

При колекционирање на лековитите и ароматичните растенија, тие треба да се колекционираат во “зрела” фаза, на пример: корените и другите подземни органи се собираат (копаат) во пролет или есен, листовите во фаза на цветање на растението, а корите од дрвјата во рана пролет пред дрвото да пролисти. Плодовите се собираат кога зреат или кога се сосема зрели.

Сите растенија и нивните органи треба да се собираат по убаво и суво време, најдобро од 9 до 13 часот. При собирање на растенијата се користат кошници, кутии, хартиени кесиња каде се става собраниот материјал без да се притиска. Со нестручно и масовно собирање на луковици од салеп во Охридско, дошло до негово изретчување.

Се смета дека топлиот напиток од салеп ја подобрува меморијата, но и придонесува за подобра плодност, што не е точно. Исто така и опстанокот на фамилијата орхидеи е загрозена заради празноверие. За граѓаните, кои се доведени до работ на егзистенцијата, собирањето на овие ратсенија е начин да се прехранат, но и да заработат, бидејќи Европа добро плаќа за македонските лековитите растенија.

Извор: Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ)

Види

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените – Но ќе растат условите и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани, редно е да излеземе со подолгорочна анализа на времето …