29.03.2024
Почетна / Градина / Хортикултура / Ктенанте (Ctenanthe)

Ктенанте (Ctenanthe)

Тоа е марантово растение и е омилено поради раскошните лисја. Распространето е главно во Јужна Америка. Од долната страна листовите се виолетови, додека горе се натопени во резеда. Растението е доста специфично во однос на грижата.

Место: местото е од особено значење за ктенантето. По правило мора да е на светло, влажно и топло, и задолжително да е далеку од директните сончеви зраци. Ако местото е премногу темно, лисјата ја губат својата убавина. Во зима дневната температурата не смее да биде пониска од 18 – 20 степени, а ноќната не пониска од 16 степени.

Нега: растението се наводнува со млака филтрирана вода. Секоја недела се наѓубрува со ѓубриво за листови – декоративни растенија. Ктенантетото сака висока воздушна влажност и затоа е добро секојдневно да се проветрува, а во жешките летни денови може да се проветрува и по два пати дневно. Пресадувањето се прави не почесто од две – три години. Многу важно е саксијата да има добра дренажа.

Размножување: размножувањето е исклучително едноставно. Генерирана од растението – гранката внимателно се разделува и засадува. Подобро е младите растенија да се покријат со прозирна материја за да се ограничи испарувањето на водата од листата и да се одржува висока воздушна влажност.

Совет за градинарот: При премногу ниска воздушна влажност или директно сонце, почнуваат да стануваат кафени и да паѓаат лисјата на ктенантето.

Види

Ги залепи саксиите една до друга, но кога ќе видите зошто и вие ќе го направите истото (Видео)

Работата во градината на многумина им причинува задоволство. Таа може значително да ви го разубави …