Почетна / Градина / Совети / Крап на дојрански начин

Крап на дојрански начин

Еден од специјалитетите на Дојран е дојранскиот крап, кој го има само таму и се подготвува на посебен начин.

Состојки:

еден дојрански крап од 2кг
500 гр кромид, еден морков
300 гр свежи домати
една зелена пиперка
китка магдонос
сол, црн пипер, црвен пипер, оригано
брашно
маслиново масло

Подготвка:

Сечканиот кромид и морков се пржат. Се додаваат сечкана пиперка и домати. Се зачинува со сол, црн пипер, црвен пипер, и оригано. На крај се додава сечканиот магдонос. Исчистената риба се полни со фил и се става во земјен сад во кој има ставено од филот. Рибата се посипува со малку црвен пипер и брашно и се покрива со остатокот од филот.

Се става масло и се пече околу 30-40 минути на 250 Ц степени.

Уживајте во ова богато јадење со добра чаша вино!

Види

STIHL MS 291 има штедлива и силна моторна пила со филтер што трае до пет пати подолго од вообичаено

Моторна пила STIHL MS 291 е изработена по висока технологија. Таа носи заштеда на гориво, …