Почетна / Градина / Вести / Корисна ли е органската храна за децата?

Корисна ли е органската храна за децата?

Минатата година на 22 октомври официјално беше објавен извештај од Комисијата за исхрана на Американската академија за педијатрија, која дискутираше на прашањето за корисноста од органската храна за децата.

Во него лекарите велат дека органската храна не е повеќе корисна за здравјето на децата од здравата храна, произведена на традиционален начин.

Најважното нешто за децата во однос на исхраната е да се консумира овошје, зеленчук, цели зрна и нискомаслени млечни производи, без оглед на тоа дали оваа храна е органска или не – вели д-р Џенет Силверштаин, член на комисија.

“Многу семејства имаат ограничен буџет за храна и ние не сакаме тие да консумираат помали количества од поскапата органска храна и на тој начин да се намали вкупниот внес на здрава храна” – дополнува авторката на извештајот.

Истражувањата кои ги разгледуваат хранливите разлики меѓу органската и конвенционалната храна, не се многу категорични во резултатите и сеуште недостасуваат докази за влијанието од потрошувачката на органска храна за подолг временски период.

Додека некои анкети покажуваат дека во органската храна се содржи повеќе витамин Ц и фосфор во споредба со конвенционалните храна, нема докази дека оваа разлика е од значење за здравјето на децата.

Точно е, исто така, дека органската храна има пониски нивоа на пестициди. Но, повторно не станува јасно дали оваа разлика ќе влијае на здравјето на човекот во текот на времето, вели д-р Џоел Форман, друг автор на извештајот.

Некои луѓе купуваат био млеко, бидејќи се загрижени дека кравите кои се одгледуваат во конвенционалните фарми се инјектираат со хормон за раст. Излегува сепак, дека ваквите грижи се неосновани. Овој хормон – рекомбинантниот говедски хормон за раст, е специфичен само за кравите и не покажува ефект врз луѓето. Кравите исто така се инјектираат со хормони, како естрогени, за зголемување на чистата мускулна маса и забрзување на растот. Ефектот од изложување на естрогените сеуште не е целосно познат и претстои да се истражува.

Луѓето често избираат да јадат органска храна поради еколошки причини, а не поради здравствени причини. Затоа авторите на извештајот советуваат родителите да ги хранат децата со овошје, зеленчук, цели зрна и нискомаслени млечни производи, без оглед на тоа дали се органски или не.

Види

Со оглед дека климатските промени го преобразуваат земјоделството, меѓународната трговија ќе биде сè поважна за прехрана на светот

Отворените, предвидливи и фер глобални пазари на храна можат да помогнат во зајакнувањето на напорите …