29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Корал – минерал со силни терапевтски ефекти

Корал – минерал со силни терапевтски ефекти

Човекот одамна го оценил квалитетот на коралот како скапоцен камен. Древните украси од корали се откриени во неолитски слоеви во Швајцарија, Египет, Индија и во Рим. Тие се носеле и од жените, и од мажите.

Повеќе од 2000г. се сретнува и во модата на розевите, црвените гердани, бројаници, талисмани, и сите можни други древни уметнички предмети и производи. За да ги истакнат, древните мајстори користеле добро обликувани детали или делови со неправилна форма. Коралите се користат за украси и во природна форма, а кај нас можете да ги најдете во продавничката на ДЕКО-Македонски Рубин.

Тие биле и предмети со религиозно наследство.

За благородниот корал се верува дека има огромна сила – предупредување од уроци, лекење на рани, болести на срцето.

Благородните корали имаат широко распространето место во Црвено море, покрај брегот на Јапонија, Хавајски острови, Малезија, Кина, Аљаска и Флорида. Има и на бреговите на Австралија, Шпанија, Персискиот залив, Канарските острови, Мадеира.

Црвениот корал обично се вади од крајбрежните области на Црвено море и покрај бреговите на Јужна Индија и Малезија.

Недостигот на суровините од благороден корал довел до создавање и на имитации. За овие цели најчесто се користат животински коски, гипс, стакло и пластика.

Заедно со бисерот и седефот, спаѓа во групата на најпознатите органогени минерали.

Енергијата на коралот помага при проблеми со анемија, ја прочистува крвта и ја стимулира циркулацијата, ја регулира асимилацијата на храна и ја заживува сексуалната активност.

Се верува дека има терапевтски ефекти, па така се користат облоги од еликсир од корал, поставени повеќе пати на ден помагаат при надминување на проблеми на кожата предизвикани од алергии и егземи.

За повеќе ТУКА

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …