23.04.2024
Почетна / Градина / Конзумирајте житни треви за повеќе енергија

Конзумирајте житни треви за повеќе енергија

Симбол на обновувањето во природата во пролет е зелената боја на тревата, листовите, парковите, дворовите. Зеленото носи дух на свежина, младост, динамика, радост, расположение, нов живот.

Овде ќе ви раскажеме за житните треви, познати од антиката и повторното откривање во САД од лекарите-диетолози.

Елегантниот барплот на Candle Café се наоѓа во третата авенија, број 1307 во срцето на Гринич Вилидж.

Тој е всушност е во центарот на Њујорк, се служат исклучително убави чаши со растителни сокови во различни бои: снежнобeли – од целер, црвени – од јагоди и лубеница, портокалови – од моркови и од агруми. Во овој храм на здравјето од која тргнуваат идеите и новостите за да завладеат со светот, бил воведен и сокот од житна трева, кој светка како смарагд во длабокиот пехар. Тој е концентрат од хлорофил и витамини, како и минерали и ензими кои се неопходни за здравјето.

Овој пијалок со кисел вкус се нуди најмногу во Њујорк, како и во САД, Европа и на други места во светот како здрава храна. Пред 40 години американски лекари-диетолози применувале житни треви врз тешко заболени и со мала надеж да оздрават. Сетете се дека во Полска за време на војната бабите ги лекувале раните на војниците со облоги од оваа трева и тие оздравувале.

Откако виделе дека кај болните имало подобрување, одлучиле да направат многу сериозни студии. Главната компонента е Хлорофилот кој влијае на човечкото тело како “природна батерија”. Тој го подобрува и хемоглобинот, супстанција која транспортира кислородот во крвта. Како што сите знаеме, доброто снабдување со кислород го одржува телото здраво. Истражувања спроведени во Америка и во Јапонија, докажуваат дека Хлорофилот има силно дезинтоксикирачко влијание. Житната трева содржи и растителни влакна, протеини, ензими, аминокиселини, витамини А, Ц и Е, како и Б12, кои според многу научници би можело да отсуствуваат во другите растителни производи. Не недостасуваат и минерали кои се потребни за нашето добро здравје како железо, калциум, калиум и магнезиум. Таа е автентичен тревобиотичен извор, бидејќи природата е чудотворна во моментот на ‘ртење и раст. Каква реакција предизвикува житната трева?

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …