20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Кокосова палма (Cocos nucifera)

Кокосова палма (Cocos nucifera)

Кокосовата палма (Cocos nucifera) е тропско растение кое според некои се смета дека потекнува од тихоокеанските острови, а според други Јужна Америка.

Од каде и да е, нас секогаш не потсетува на тропските плажи.

Познати се повеќе видови и тоа од палми кои растат мали и палми кои достигнуваат височина и од 20 метри.

Таа е љубител на силното сонце, а одлично се снаоѓа и во сушните места и на влажните почви. Претендира температури од 20-30 степени. Може да поднесува студ, но само за кратки периоди. Лисјата се жолто зелени по боја со големина од 3 до 5 метри. Во собни услови исто така може да се одгледа ваков вид на палма, со максимална височина до 3 метри и доколку обезбедиме најсветло место во домот. Преку летото има потреба да биде изнесена на балкон или во дворот. Одлично и прилега високата воздушна влажност и редовното проветрување во домот. Може да се ѓубри во текот на летото и тоа на секој 15 дена.

Пресадувањето се врши во поголема саксија на секои 2-3 години. Размножувањето може да се врши преку плодот, поточно свежиот кокосов орев заедно со обвивката. Се става во почва која постојано треба да биде влажна и за неколку месеци ќе почне да никне. Расте на почеток бавно, но потоа забрзува растот. Кокосовиот орев наоѓа широка примена во кулинарството. Од него се добива и масло за сладкарски цели. Се користи и во козметичката индустрија за производство на сапуни, но и за парфеми.

 

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …