29.03.2024
Почетна / Градина / Камелија – претенциозна јапонска убавица

Камелија – претенциозна јапонска убавица

Камелијата е грмушка со висина од еден до три метри, со компактна круна од сјајни, темнозелени листови и со бои од бела до црвена, во сите нијанси на розова.

Пренесена во Европа од планинските падини на Јапонија, таа неочекувано добро се прилагодува на локалната клима. Всушност, спротивно на очекувањата, повеќето сорти камелии се многу отпорни на мразови и релативно лесни за одгледување – на тераса или во градината.

Период на цветање:

Зима и пролет.

Цветови:

Големи убави бели, розови, црвени или шарени бои, кои достигнуваат од 4 до 10 см.

Температура:

Оптималната температура пред цветањето и во периодот на цветање, кој може да трае од декември до април, е околу 15-20 степени. Тоа може лесно да се подигне, но само ако се обезбеди влажност на воздухот до 60 отсто.

Растението се држи до декември на температура 5-6 степени.

Размножување:

Стеблени резници без мозолчиња во текот на летото.

Ѓубрење:

Растението се негува во текот на целата година, со исклучок на јули и август. Откако камелијата прецвета добро е да се потхрани со силно разредено ѓубриво. На крајот на јуни негувањето се прекинува.

Пресадување:

Во пролетта, но само кога старата саксија станала тесна.

Осветлување:

Светлина, но далеку од директните сончеви зраци.

Наводнување:

Користете млака вода за наводнување. Во јули и август се намалува значително наводнувањето, за да запре растот на гранките.

Како камелијата го поднесува студеното време

Треба да се напомене дека видовите камелии со помала количина ливчиња се поотпорни на ладно време. Вметната надвор камелијата не се плаши од студот. Во принцип камелиите сакаат кисела почва, завет и светлина, но не и директни сончеви зраци.

Camellia sasanqua сепак, како повеќе непретенциозна, поднесува сонце и обична почва. Влагата е многу важна за сите видови камелии, за да се развијата пупки и цветовите.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …