Почетна / Градина / Хортикултура / Калатеа (Calathea) – едни од најубавите и атрактивни листно декоративни растенија

Калатеа (Calathea) – едни од најубавите и атрактивни листно декоративни растенија

buy provigil online legit 29/11/2017 Хортикултура

source site Ова се едни од најубавите и атрактивни листно декоративни растенија. Тие имаат ефектни и егзотични точки кои се разликуваат по големина и форма.

Потекнуваат од тропските предели на Јужна Америка, каде што локалното население често ги користи листовите за плетење на кошници. Токму од таму потекнува и името на родот (Kalathos), што во превод од грчки значи “кошница”.

Овој род вклучува околу 150 видови на растенија. „Calathea crocata“ има речиси едноцветни листови и најчесто се одгледува поради светлите портокалови бои. Попознати видови се C. picturata, C. rebrina, C. Maui Queen.

Некои припадници се остри како копија. Несомнено најпопуларна и импресивна е Калатеа макојана (C. Makoyana). Листовите и се со светли, речиси со бели основни бои со фино темно зелена невратура и поголеми и помали темни со црвеникава нијанса елипсовидни дамки. Американците и Французите ја нарекуваат “растение-паун” (англиски peacock-plant).

Калатеите не се лесни за одгледување. Бидејќи потекнуваат од Бразил, растат во тропските шуми, на бреговите на реките и езерата. Се чуваат дома на оптимална температура, не пониска од 15 степени. Тие сакаат полесенчести локации и не сакаат директна сончева светлина. Бараат висока возудшна влажност особено во топлите периоди. Почвата е потребно да биде постојано влажна, но да не се наводнува прекумерно. Се пресадуваат на секои две до три години и тоа во еден број поголема саксија. Од штетниците најчесто се јавуваат штитоносните вошки, но со помош на инсектицид целосно може да се отстранат.

 

Види

Како да го „оживеете“ овенатото цвеќе за неколку дена

Ви се случува често да патувате, да немате време или едноставно да заборавите да го …