28.03.2024
Почетна / Градина / Кактус Selenicereus – Кралица на ноќтa

Кактус Selenicereus – Кралица на ноќтa

Кралицата на ноќта раѓа црвени плодови што се сметаат за вистински деликатес. Интересното име потекнува прво од фактот дека цветвите се отвораат ноќе, а на зори се затвораат и второ, додека пак, цветовите достигнуваат и до 30 см во дијаметар. Обично оваа појава се забележува во јуни-јули.

Кралицата на ноќта нема боцки и не е типичен претставник на кактусот. Сепак не е тешка за одгледување. Обезбедете и топло и светло место, но заштитено од директните сончеви зраци. Во зима температурата не смее да падне под 10 С.

Во летото наводнувањето е обилно, а во зима – ограничено на минимум. Пред периодот на цутење, во април и мај, овој кактус поднесува добро прскање со мека вода. Во топлите месеци еднаш месечно се наѓубрува со кактусово ѓубриво.

Се размножува со сечи. Како и на другите кактуси, местото треба да се исуши околу 3 недели пред да се засади растението. Додека се пресадува во мешавина од градинарски прст и песок. Долгите, тенки листови бараат цврст потпирач!

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …