23.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Кактус Гастерија

Кактус Гастерија

Гастеријата е јужноафрикански сукулент кактус, со брадавичести листови во форма на јазик, поради што во некои земји го нарекуваат “волски јазик”. Родот на овој кактус брои околу 80 видови. Тие се од големото семејство Лилиеви.

Во својата татковина растат под дрвја и грмушки. Листовите на гастеријата достигнуваат во должина до 15 см и се наредени цврсто по шест на една плоча. Тие се украсени од наизменични ленти, со сребрена или кафеава боја или се опсипани со бели точки. Особено интересно изгледаат големите и добро развиените растенија. За уште подекоративен изглед еднаш годишно се свртува растението на 45-90 степени во однос на изворот на светлина. Вртењето мора да биде секогаш во една насока – за или против стрелката на саатот. Цветовите на растението се розови или црвени, трнобообразни со испактната средина. Растението цвета во март и април.

Познати видови се: гастерија макулата (Gasteria maculata) и Гастерија верукоза (Gasteria verrucosa).

Гастеријата сака светлината, но и од силното сонце во текот на летото може да добие непријатни изгореници. Најдобро расте на јужниот прозорец. Во летните месеци сака да биде на сончево, топло место со сув воздух. Во зима температурата треба да е значително пониска (7-12 ° C). Треба да се штити исто така и од ветер. Минималната температура за растението е 10 степени.

Растението треба да биде секогаш влажно. При пониските температури во зима речиси не се полева. Се полева умерено, дури откако почвата се исуши.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …