20.04.2024
Почетна / Градина / Како да препознаете вистински мед

Како да препознаете вистински мед

Како да препознаете вистински мед:

  1. Земете малку мед и протријте го помеѓу показалецот и палецот додека не се распадне. Чистиот мед е добар за кожата и и не е леплив. Ако е лепливо, значи дека има шеќер или вештачки засладувачи во себе.
  2. Пробајте да ставите малку мед на хартија или салфета. Чистиот природен мед не содржи вода и нема да ја пробие хартијата долго време.
  3. Пчелите инстинктивно градат кошници на дрвјата и меѓу карпи за да се заштитат од мравки. Ставете малку мед кај мравките, тие нема да го допрат природниот мед.
  4. Помешајте со жолчка малку мед. Ако е чист, кога ќе ја изматите жолчката во него, ќе изгледа како варена.
  5. Една лажичка мед ставете во полна чаша вода. Вештачкиот мед ќе почне да се топи, а чистиот ќе се згрутчи и ќе падне на дното.
  6. Ако намачкате мед на кришка леб, природниот мед ќе го стврдне лебот за неколку минути, а вештачкиот ќе го навлажни.
  7. Не посредно пред голтањето вистинскиот мед ќе ви предизвика чувство на боцкање во устата што не е случај со вештачкиот мед.
  8. Набљудувајте дали медот ќе кристализира со текот на времето. Вештачкиот мед ќе остане течен како сируп, без оглед на тоа колку долго стои, а вистинскиот мед ќе кристализира.
  9. Потопете врв од кибритче во мед и обидете се да го запалите. Природниот мед нема да му пречи на палењето, додека вештачкиот, заради тоа што содржи вода, ќе го оневозможи.
  10. Ставете во микро-бранова печка две-три лажички мед. Загрејте на висока температура. Природниот мед брзо ќе карамелизира и нема да стане пенлив. Вештачкиот мед тешко ќе карамелизира и ќе биде преполн со меурчиња.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …