16.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да ја ублажите болката во желудникот со помош на растенијата

Како да ја ублажите болката во желудникот со помош на растенијата

Етеричните масла на камилицата имаат антиинфламаторно и омекнително дејство при заболувања на дигестивниот пат – болки во желудникот и цревата, гастритис, колитис и метеоризам, стоматитис, гингивитис, и при воспалителни процеси на дишните патишта, каде се употребува за инхалации. Има поволен ефект при воспалителни процеси и камења во бубрезите и мочниот меур.

4. Мајчина душица

Мајчината душица содржи неколку видови антиоксиданси – флавоноиди, терпинен, бета каротен, кои го прочистуваат телото од слободните радикали и ни помагаат да се спречи штетата што тие можат да му ја нанесат. Чајот од мајчина душица одамна се користи за лекување на дијареа и гасови, за олеснување на ревматоидни болести и кај паразити како што се анкилостома, кој живее во дуоденумот и тенкото црево.

5. Рузмарин

Во традиционалната медицина се применува при нарушен менструален циклус, за смирување на болки во стомакот, против формирањето на гасови во желудникот и цревата, за подобрување на апетитот. Етеричното масло и лисјата предизвикуваат секреција во желудникот и цревата и ја зголемуваат секрецијата на жолчката. Тие исто така дејствуваат како антимикробни, диуретични и тонични. Не се препорачува за болести на бубрезите и црниот дроб.

Види

Која раса на куче си ?

Која раса на куче си ти?