Почетна / Градина / Совети / Избор на видови за озеленување на каменести градини

Избор на видови за озеленување на каменести градини

cytotec without a perscription 11/01/2018 Совети, Хортикултура

follow site Каменестите градини, поради нивната едноставност и скромност кон еколошките услови, а едновремено и поради големото богатство од различни видови и колорит преку целата година, претставуваат вистински градинарски украс во светската хортикултура

Каменестите градини се едни од поретко подигнуваните зелени површини на територијата на Република Македонија. Меѓутоа, во светски рамки, овие градини може да се сретнат како камењари и чакалести површини, односно алпинетуми (најчесто со блага падина), камени ѕидови (вертикални), поплочени површини и чакалишта / песочници (хоризонтални површини).

Кај алпинетумите и камените ѕидови е особено важно соодветно да се долови природниот амбиент, односно колку што е можно поточно да се отслика планинскиот или полскиот пејзаж.

Се разбира, за изборот на тип на каменеста градина, покрај големиот број еколошки фактори во однос на употребата на видовите за озеленување на такви површини, треба да се земе предвид и големината на дворното место, поточно подигнувањето на каменеста градина да соодветствува на вкупната дворна површина.

За сите каменести градини, покрај потребата од одлична дренажа на почвата, особено е важно да се познава екологијата на употребените видови за озеленување, конкретно нивните еколошки особености – директно сончево зрачење, подносливост на засена, тип на коренов систем, влажност во почвата и воздухот, киселост на супстратот, отпорност на аерозагадување и времетраење на мразишта или суша и слично.

Текст и фото: м-р Бојан Симовски (слика горе Globularia cordifolia) (слика доле Daphne alpina ssp. oleoides – месторастежни услови)
Катедра за ботаника и дендрологија
УКИМ Шумарски факултет во Скопје

Види

Создавање поволни услови за одгледување цвеќе

Цвеќето и другите украсни растенија може успешно да се одгледуваат во домот само ако им …