Почетна / Градина / Животни / Интересни факти за кучињата кои можеби не сте ги знаеле

Интересни факти за кучињата кои можеби не сте ги знаеле

– Просечниот животен век кај градско куче е 3 години подолг од останатите

– Гоничите се најбрзите кучиња на светот, достигнуваат брзина до 72 км/ч

– Три кучиња го преживеале потонувањето на Титаник

– Њуфаундленд, Померанец и Пекинезер

– Се претпоставува дека луѓето кои чуваат куче, живеат подолго, помалку се стресни и имаат помалку срцеви удари

– Кучето на Марија Антоанета било од расата шпаниел и се викало Тисбе

– Пекинезерите биле свети животни за владетелите на Кина повеќе од 2000 години, Тие се една од најстарите раси на светот.

– Научниците откриле дека кучињата можат да го намирисаат присуството на аутизам кај децата.

– 70 % од луѓето ги потпишуваат своите миленици на разгледница, а 58 % ги вклучуваат во семејни портрети.

– Бројот на калории согорени на дневно ниво од страна на кучињата влекачи на санки кои трчаат на традиционалната трка на Аљаска изнесува просечни потрошени 10000 калории.

– Канараските острви не се именувани според птица под името канарија. Тие биле именувани по една раса на големи кучиња. Латинското име на оваа раса била Canariae insulae, што во прево значи „Остров на кучиња“.

– Теоброминот е состојка која ја има во чоколадото, која премногу го стимулира кардиоваскуларниот и нервниот систем кај кучињата, особено кај помалите раси. Едно чоколадо е отровно за кучиња, а дури може да биде и смртоносно.

– Експериментите покажале дека кучињата користејќи ги своите уши кои ротираат како сателитски чинии, можат да лоцираат извор на звук за 6 стотинки од 1 секунда.

– Колку е поголем носот кај кучето, тоа е подобар внатречниот систем за ладење.

– Угоеноста е број 1 проблем помеѓу кучињата.

Извор: купи миленик

Види

Снег ја покри Јужна Африка, жирафите и слоновите во јужните падини

Загрижувачки снежни врнежи ги претворија планините во Јужна Африка во прекрасни слики и блокираа многу …