19.04.2024
Почетна / Градина / Хидропоничен систем: Од урбан земјоделец до органски зеленчук во текот на целата зима

Хидропоничен систем: Од урбан земјоделец до органски зеленчук во текот на целата зима

Хидропоникс е метода на одгледување на растенија во вода која е богата со хранливи состојки и без употреба на почвата. Од високо-технолошкиот урбан земјоделец, денес може да расте свеж, органски зеленчук преку целата година во контејнери.

Ова претставува голем чекор во науката,а од особено значење е за потрошувачите кои сакаат органска храна. Голем број на ресторани веќе откупуваат и се заинтересирани за откуп на ваков тип на храна. Марулата, патлиџаните и другите производи можат да се сервираат свежи и во текот на зимата.

Со помош на хидропоничниот систем може денес секој да одлгедува лековита храна и зеченчук во својот стан. Се што треба е да ги поставите вертикално во низа и да бидат близу до прозорецот, поради потребата од светлина.

Главните предности се дека не е потребно растенијата да бидат засадени во почва и водата која ја користи растението, ја користат и другите растенија во низа и на тој начин и трошковите за вода се помали. Исто така, на овој начин се зголемува контролата на нивото на исхрана и се зголемуваат приносите.

Имајте во предвид и дека присуството на штетници и болести претежно се одвиваат во почвата, па на овој начин и полесно ќе го заштитите растението.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …